Ozone Gold меѓу најдобрите светски брендови – изложувачи на најголемиот глобален саем за козметика Cosmoprof Worldwide Bologna
Од 16. до 20. Март во Болоња, Италија, се одржа 54-то издание на највлијтелниот и најголемиот светски саем за козметика Cosmoprof Worldwide Bologna, каде меѓу 2.700 светски изложувачи со својата ексклузивна програма се претстави и нашиот бренд за здравје и убавина Ozone Gold.
На 17.12.2022, сабота, во хотел Континентал – Скопје, се одржа Симпозиум со меѓународно учество на тема: Хируршка пародонтална терапија – нови техники и пристапи.
На овој симпозиум, беа презентирани резултати од научната студија од страна на Проф. Д-р Емилија Левеска Стефановска, професор на Стоматолошкиот факултет при Универзитет “Св. Кирил и Методиј” – Скопје, за ефикасноста на Озонирано маслиново масло со 80mg Озон, во третман на орални лезии.
На Клиниката за болести на устата и пародонтот, при ЈЗУ СКЦ “Св. Пантелејмон” во Скопје, третирани се околу 40 пациенти со афтозни улцерации, херпетични лезии, орална кандидијаза, лихен планус, травматска улцера и хеилитиси. Преку механизмот на стимулирана крвна циркулација, со обезбедување на интензивен кислород (кој го поттикнува клеточното дишење), витамини А, Д, Е и К, хлорофил, лецитин, каротен и полифеноли, се забрзува процесот на регенерирање на клетките, на што се должат неговите позитивни ефекти: имуностимулативни, антихипоксични, аналгетски, биосинтетски и антимикробни.
Увидено е дека атрауматската, безболна, неинвазивна природа за апликација и релативно отсуство на непријатност и несакани ефекти, ја зголемуваат прифатливоста на маслото од страна на пациентите.
На 03.12.2022, во хотел Double Tree by Hilton, се одржа стручно едукативно предавање на тема Уринарни инфекции, инконтиненција, еректилна дисфункција, со цел споделување на меѓусебни искуства во примарна и секундарна здравствена заштита.
На овие едукативни настани со заеднички сили се унапредува соработката и растеретува секундарниот здравствен систем, со осврт на превентива и здравствени препораки кои ќе ја подигнат јавната свест, но и зголемат довербата во здравствениот систем.
Во Хотелот „DoubleTree by Hilton“ во Скопје под покровителство на OZONE GOLD се одржа стручно едукативно предавање кое во својот фокус ја постави темата „ХПВ асоцирани болести“.
Настанот беше во организација на Македонско здружение за Хуман папилома вирус (МЗХПВ) во соработка со Македонско здружение за цервикална патологија и колпоскопија (МЗЦПК) и Македонското лекарско друштво (МЛД), а во рамките на едукативната програма свое излагање имаа етаблирани стручни лица од медицинската фела.
Проф. Д-р Горан Димитров, специјалист гинеколог, претседател на Македонско лекарско друштво и Македонско здружение за цервикална патологија и колпоскопија, нѐ воведе во предавањето со свое стручно излагање на темата „ХПВ и асоцирани болести“.
М-р Д-р Наташа Теовска Митревска, специјалист дерматовенеролог, потпретседател на Македонско здружение за сексуално преносливи болести, претставник за Македонија за интернационална унија за сексуално преносливи болести, стручно елаборираше на темата „Комплексност во менаџирањето на мукокутани и орлани лезии асоцирани со ХПВ“.
Д-р Весна Пљакоска, специјалист дерматовенеролог, претседател на Македонско здружение за сексуално преносливи болести, имаше свое стручно обраќање на темата „Тераписки модалитети и третман на кондиломи со eCO2 ласер“.
Едукативното предавање беше заокружено со презентација на дел од богатата палета производи на Ozone Gold со потенцирање на нивната докажана ефикасност во третманот на ХПВ.
Во овој контекст беше посочено дека благодарение на својот состав базиран на чист медицински озон и ладно цедено маслиново масло, производите на Ozonе Gold на различни нивоа може да се користат кај ХПВ инфекции.
Во продолжение издвојуваме дел од придобивките:
Ozone Factor – Првата озонирана капсула за орална озонотерапија
Озонираното маслиново масло во капсула Ozone Gold е доволно моќно за зајакнување на имунолошкиот систем и подобрување на виталноста, бидејќи озонот е антиоксидант што му помага на телото да се снабдува со кислород и брзо да ги елиминира габите, бактериите и вирусите и да се одбрани од болести. Освен останатите придобивки кои ги нуди, исто така, особено важно е дека може да се користи и кај ХПВ инфекции, главно за да го зајакне имунитетот, бидејќи тоа е главната негативна страна на вирусот и едно од основните решенија на проблематиката поврзана со овој вирус. Колку е послаб имунитетот, толку ќе му биде полесно на вирусот да нападне и да прогресира во високоризичен HPV или во најлош случај, канцер.
ОЗОНИРАНА КРЕМА СО 160mg ОЗОН
Озонирана крема со 160mg озон е 100% природен препарат кој содржи само озонирано маслиново масло. Кремата се користи генерално за нега на длабоки рани и лузни, рани од декубитус и многу други бактериски инфекции и го забрзува зараснувањето на кожата. Може да се користи и за третман на ХПВ инфекции кои предизвикале појава на папиломи на кожата на дланките и стапалата, поретко на лактите и колената, ублажувајќи ги болките и чешањето кое го предизвикуваат, чистејќи ја самата папилома и просторот околу неа. Исто така, може да се користи за третман на кожата после отстранување на папиломите, со цел да спречи останување на лузни по интервенцијата.
ОЗОНИРАНО МАСЛО СО 80mg ОЗОН
Озонираното масло со 80mg озон ја забрзува обновата на клетките со обезбедување на интензивен кислород и помага при: алергии, дерматофити, изгореници и отворени рани, херпеси, изгореници од сонце, иритации, воспаленија, убоди од инсекти, сипаници, акни и дамки. Исто така, може да се користи за третман на ХПВ инфекции кои предизвикале појава на субунгвални или периунгвални брадавици (под ноктите и околу ноктите или кутикулите) и плоснати брадавици кои се појавуваат најчесто на рацете, лицето и телото, намалувајќи го чешањето и иритацијата на кожата.
ОЗОНИРАНО МАСЛО СО 40mg ОЗОН
Озонираното масло со 40mg озон ја забрзува циркулацијата на крвта со дезинфекција на површината на која е нанесено и помага при: брчки, иритации, воспаление на усната слузокожа, проблеми со забите и гингивата, акни и дамки. Исто така, наоѓа примена во третман на папиломи предизвикани од ХПВ вирусот, кои се појавиле на поосетливи места како што се плоснати брадавици на лицето или челото. Исто така, наоѓа примена и во третман на кондиломите кои се појавуваат на надворешните гениталии или анусот.
СПРЕЈ ЗА ИНТИМНА НЕГА
Спрејот за интимна нега, главно помага во одржување на општата хигиена на гениталните делови на телото. Уште од првата употреба помага при отстранување на вагинален исцедок, мирис, иритација, кандида. Наменет е за внатрешна и надворешна употреба и може да се користи неколку пати во текот на денот. Исто така, може да спречи ширење на кондиломите во внатрешноста, на грлото на матката и анусот.
На настанот со физичко присуство беа присутни 80 луѓе, додека пак, со онлајн присуство беа присутни 110 луѓе. Бројната публика присутна на предавањето беше запознаена и со новите ТОП 3 производи со кои неодамна беше збогатена палетата на Ozone Gold: Крема за раце со озонирано маслиново масло (75ml), Kрема против егзема (15ml) и Сет креми против псоријаза PSO Cream 1 (100ml) и PSO Cream 2 (50ml).
Детални информации за сите производи на Ozone Gold, како и за тоа кои се придобивките од истите, може да најдете на www.ozone-gold.mk.